Не сте регистрирани, ве молиме РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ или НАЈАВЕТЕ СЕ
» Кориснички налог
Корисничко име:

Лозинка:

Одјави ме после 15 минути неактивност
» Вести
НЕСКВИК ТОРТА - 26-04-2015 20:18




Потребни состојки:


За кори



  • 7 белки

  • 125g шеќер

  • 2 кесички ванилин шеќер

  • 180g печени лешници

  • 2 лажици брашно

  • 2 лажици какао

  • 1 лажица Несквик

  • Прашок за печиво

  • 100ml масло



За фил



  • 1l млеко

  • 7 жолчки

  • 200g карамели

  • 160g густин

  • 150g шеќер + 1 ванилин шеќер

  • 125g маргарин

  • 200ml слатка павлака



За потопување



  • Млеко и Несквик



За глазура



  • 200g Милка noissete

  • 200ml слатка павлака

  • 2-3 лажици Несквик



Подготовка:


Белките изматете ги со малку сол, па постепено додавајте ги шеќерите додека не се создаде цврста пена. Истурете го брашното, прашокот за печиво, Несквикот и какаото, па рачно измешајте.


На крајот додајте ги исечканите лешници и маслото.


Печете 4 кори на 180 степени околу 15 минути. Во меѓувреме подгответе го филот.


Ставете 900ml млеко на оган и додадете ги карамелите. Мешајте додека целосно не се стопат. Останатите 100ml млеко изматете го со жолчките, шеќерот и густинот, па додадете ја мешавината во млекото со карамели.


Откако филот малку ќе се излади, додадете го маргаринот и матете со миксер. Слатката павлака изматете ја во посебен сад додека не добиете густ снег, па потоа промешајте ја во оладениот фил.


За да ја подготвите глазурата потребно е да ја оставите павлаката да зоврие, па тогаш да го додадете Несквикот и коцките чоколадо. Оставете целосно да се олади.


Секоја кора натопете ја со мешавината од млеко и Несквик, па прелијте го филот. Преку последниот слој од фил ставете ја оладената глазура.

» Напомена
Ниту еден од фајловите прикажани овде не се хостирани на овој сервер. Линковите се обезбедени самостојно од корисниците на овој сајт. Администраторот на овој сајт не е одговорен за содржините коишто ги постираат корисниците, или било кои други дела на членовите. Вие не смеете да го користите овој сајт за дистрибуција или симнување на материјали за коишто немате овластување и легално право.Ваша одговорност е да се придржувате на овие правила.

Овој сајт е најпрегледен на 1280*1024 px резолуција. Препорачан торент клиент : uTorrent